Ојдип тиранин

    ЛИЦА:

    ОЈДИП, тебански тиранин

    ЈОКАСТА, жена на Ојдип

    КРЕОНТ, брат на Јокаста

    ТЕЈРЕСИЈА, пророк

    СВЕШТЕНИК Sевсов

    ГЛАСНИК од Коринт

    ПАСТИР на Лај

    ГЛАСНИК од дворот

    ХОР на тебански старци

    СВИТА Ојдипова и Јокастина

    Царскиот двор во Теба со тројна врата: средната ја користат царот и царицата, десната (за гледачите) благородниците, а левата туѓинци. Пред дворот, олтари и кипови на тебански богови.

    ПРОЛОГ

    Околу жртвеникот, по скалите, испоседнати моми, деца, момчиња и свештеници со лаврови гранчиња в рака. Ојдип излегува од дворот со свитата.

    ОЈДИП, СВЕШТЕНИКОТ

    ОЈДИП:

    О чеда, ластар млад на Кадмо древниот,

    на каков собир вие ми доаѓате,

    накитени со гранчиња молитвени?

    А градот, колку с’ темјани е исполнет,

    подеднакво со пајани и лелеци.

    Јас, деца, не сметав за праведно од друг,

    од гласници да слушнам; еве дојдов сам,

    од сите Ојдип славниот наречуван.

    Ај старче, кажи! Ред е ти да зборуваш

    во нивно име. Како ми доаѓате,

    од страв ил’ с’ молба некоја? Ќе помогнам

    од сѐ срце во сѐ. Јас бездушен би бил

    да не се сожалам на таков молбен збор.

    СВЕШТЕНИКОТ:

    О Ојдипе, на земјава владетелу,

    нѐ гледаш сам, на каква возраст тука сме,

    пред твоите олтари: да првнат далеку

    се едни уште нејаки, а другите,

    од старост бавни жреци, како јас на Sевс,

    и одбор младеж. Другите, окитени,

    на плоштад се пред два храма Паладини

    и правот пророчки кај лежи Изменов.

    Та градот мошне силно, веќе гледаш сам,

    е смутен; глава тој да крене не може

    од длабини на море закрвавено.

    И пропаѓа во цвет од земја секој плод,

    пцовисаат и стадата на пасишта,

    и жени се без род, а сега божица

    што жари, Чума грозна, град ни напаѓа.

    Се празни зарад неа домов Кадмеев

    дур Адот црн се полни с’ лелеци и плач.

    Со бози не те изедначивме ни јас

    ни децава, што седиме пред портиве,

    но тебе прв од мажите те сметаме

    во маки човечки и божја судбина.

    Не не спаси ли ти штом дојде в Кадмов град

    од данок исплаќан на зла песнопојка,

    а ништо повеќе ти од нас не разбра

    ни беше получен, а с’ помош божја нам,

    се зборува и мисли, век ни оправи?

    И сега, Ојдипе, о главо најумна,

    со молба сите ние се обраќаме

    да најдеш спас, па било божји глас да ти

    си чул ил’ да си научил од некој маж;

    бидејќи гледам: дури и во неволја,

    опитните успеваат во потфатот.

    О, дај, првенецу, да живне овој град,

    погрижи се! И сега градов спасител

    те вика зарад храброста некогашна.

    Во спомен никогаш да не си ни ко крал

    што нас не спасил, потем дал да паднеме!

    Ај градов ти исправи го засигурно!

    Штом тогаш, поведен од предзнак поволен,

    не усреќи, и сега ист покажи се!

    Ак’ владееш и натаму со земјава,

    поубава е власт во полн град, не во пуст,

    бидејќи ништо не е вредно, тврдина

    ил’ кораб, ако луѓе в нив не живеат.

    ОЈДИП:

    О кутри деца, не ми е непознато

    од каква мака дојдовте. Јас добро знам:

    да, сите страдате, но макар страдале,

    меѓу вас ниту еден не страда ко јас.

    За еден секој мисли – за себе. За друг

    вам грижа не ви е. А јас во срцето

    го имам градот, себе, тебе, еднакво.

    И така, вие не ме будите од сон,

    а знајте: многу солзи пролеав и пат

    јас многу изоцев по беспаќа на јад.

    Низ ум ми мина сѐ, сал еден најдов лек,

    и еве што сторив: го пратив Креонта

    јас, мојот шура, синот Менојков, во Пит,

    в храм Фојбов, тој да праша што да направам

    ил’ кажам, та градов да го заштитам.

    Бидејќи денес требаше да пристигне,

    се грижам што прави. Тој многу повеќе

    е отсутен од тоа колку требаше.

    А, штом ќе дојде, не сторам ли така сѐ,

    ко бог што повелал, нек’ бидам никаквец!

    (Момците му соошитуваат на свештеникот дека Креонт доаѓа)

    СВЕШТЕНИКОТ:

    Во добар час ти кажа; еве овие

    баш носат вест от’ Креонт доаѓа од пат.

    ОЈДИП:

    Господару Аполоне, еј камо среќна вест

    за спас да носи! Каков сјај му краси лик!

    СВЕШТЕНИКОТ:

    Се чини среќен; инаку не би кител

    со плоден лавор глава, често китена.

    ОЈДИП:

    Се слуша до него и вчас ќе знаеме.

    (Доаѓа Креонт)

    О кнезу, роде мој, ти сине Менојков,

    со каква божја порака ни доаѓаш?

    ОЈДИП, СВЕШТЕНИКОТ, КРЕОНТ

    КРЕОНТ:

    Со добра; зашто, мислам, и неволите,

    штом добро тргне, добро завршуваат.

    ОЈДИП:

    А што вели пораката? Од твојов збор

    јас сега ниту надеж добив ниту страв.

    КРЕОНТ:

    Ак’ сакаш луѓево да чујат, готов сум

    да зборувам. Ил’ внатре да си влеземе?

    ОЈДИП:

    Пред сите кажи. За нив грижа повеќе

    јас имам одошто за мојот личен спас.

    КРЕОНТ:

    Ќе кажам она што од бога јас сум чул.

    Нам јасно Фојб господарот ни налага

    д’ испадиме од крајов тука сторен грев.

    Го крепиме ли, тој Ќе е неизлечлив.

    ОЈДИП:

    Со каква жртва? Каков е тој страшен чин?

    КРЕОНТ:

    Со прогонство ил’ враќање на крв со крв,

    бидејќи таа крв го мачи градов наш.

    ОЈДИП:

    А кој е мажот чија гибел открива?

    КРЕОНТ:

    На овој град, о цару, водач некогаш

    ни беше Лај, пред ти да град ни управиш.

    ОЈДИП:

    Сум слушнал, знам, но никогаш не го видов.

    КРЕОНТ:

    Тој мртов е и јасно бог порачува:

    нек’ одмазда ги достаса убијците!

    ОЈДИП:

    Но кај се тие, таа трага нејасна

    на вина стара каде ќе се изнајде?

    КРЕОНТ:

    Во овој, рече, крај; што бараш, наоѓаш,

    а што занемариш, ти бега од раце.

    ОЈДИП:

    Дал’ дома или на отворено на Лај

    убиството се случи, или в туѓина?

    КРЕОНТ:

    За пророштво да праша тргнал, рекол сам,

    но како појде, дома веќе не стаса.

    ОЈДИП:

    А гласник некој, сопатник, зар не видел,

    па нивна ука некој да исползувал?

    КРЕОНТ:

    Загинале. Сал еден жив е. Избегал

    од страв. Од сѐ што видел, едно кажува.

    ОЈДИП:

    А што? Бидејќи едно многу открива,

    штом зрак на надеж фатиме, и незнатен.

    КРЕОНТ:

    Разбојници се згодиле, и не паднал

    од рака сал на еден; биле мнозина.

    ОЈДИП:

    Зар разбојник би можел толку да е смел,

    да не бил поткупен со пари одовде?

    КРЕОНТ:

    Се мислеше и тоа. Злото не даде

    да некој одмазди за смртта Лајова.

    ОЈДИП:

    А кое тоа зло ве спречи виновник

    да барате штом така падна царски трон?

    КРЕОНТ:

    Гатопевка нам Сфинга поглед пред нозе

    ни насочи; нејасното го пуштивме.

    ОЈДИП:

    Од крај јас повтур тоа ќе го истражам.

    И Фојб за царот покоен, ко ред што е,

    се погрижил и ти си сторил доволно,

    и праведно е мене да ме видите

    за ова земја борец, божји помошник.

    Не ќе казнам јас злотвор зарад далечни

    пријатели, а зарад себе самиот.

    Та тој што убиец е негов, набргу

    со иста рака на мене ќе навали.

    Грижејќи се за оној, јас ќе користам.

    Ај деца, бргу станете од скалите,

    кренете ги гранчињата молитвени!

    (На свитата)

    Нек’ родот Кадмов тука друг го собере,

    а јас ќе сторам сѐ, па с’ божја помош, нам

    ил’ сонце ќе ни светне ил’ пропаднавме.

    СВЕШТЕНИКОТ:

    Да станеме, о деца! Тука затоа

    и дојдовме; за ова што ни кажа тој.

    О, камо Фојб, што прати вакво пророштво,

    ко спас да дојде, заштитник од чумата!

    (Ојдип и Креонт влегуваат во дворот, а народот со свитата се враќа в град. Доаѓа хорот на тебанските старци)

    ПАРОД

    ХОРОТ:

    I строфа

    О, каков ми дојде ти, Гласу мил Sевзов,

    од домот златен Питонов во сјајна Теба?

    Срце ми тране од ужас, страв ме обзема,

    о делаки исцелителу!

    Се плашам, дал’ нешто ново

    ќе дадеш да поднесувам,

    ил’ нешто втор пат в ова година.

    О, кажи, чедо на Надеж златна,

    Гласу бесмртен!

    I антистрофа

    Прва те молам тебе, бесмртна Атено, Sевсова ќерко,

    и тебе, земја наша што браниш, Артемидо сестро,

    што седиш на славен кружен трон на плоштадот,

    и тебе стрелометецу Фојбе.

    О, блеснете вие тројца во одбрана од смрт!

    Ако вие некогаш и порано,

    зла кога градов го снашле,

    изгаснавте пламен гибелен,

    и сега дојдете!

    II строфа

    О, безброј маки трпам јас:

    сиот нарoд ми болува,

    а нема да блесне мисла некоја,

    таа одбрана да е.

    Плодови веќе не успеваат в славнава земја,

    ниту жени можат да издржат тешки породилни мажи;

    и гледаш еден по друг, ко птици лекокрили,

    побргу од огнот помамен кај заминуваат

    кон богот вечерен.

    II антистрофа

    Кој би знаел колку,

    – град чепребројлив ми изгина.

    Наземи родови прострени неисплакани.

    Смрт тие шират.

    Сопруги, мајки белоkоси,

    која од каде, кај олтарот клекнале.

    Молат за спас од јадот преголем. Липаат.

    Се орат молбени песни измешани с’ воздишки болни.

    Заради ова, о златна Sевсова ќерко,

    прати ни заштита благосклона!

    III строфа

    И страшниот Арес,

    кој сега без бронзен штит навалил с’ оган

    дур’ лелек се слуша, од таткова земја изгони го далеку

    со брз чекор

    во Амфитритини големи двори

    ил’ кон брегот негостољублив

    во тракијски бури.

    И воопшто, пропушти ли нешто ноќта,

    ита денот да докрајчи.

    О, ти којшто управуваш со силата

    на рофји огнени,

    о оче Sевсе, сотри ги со својот гром!

    III антистрофа

    О ликијски боже, стрелите би сакал твои

    без милост да ги пуштиш

    од лакот златнотетивен,

    спас да ни бидат.

    Артемида с’ огнените факли да ја видам

    со кои трча низ гори ликијски.

    И златномитриот

    го викам имењак на овие земји,

    Бакх виноцрвен,

    следен од Мајнади;

    тој нека дојде с факел усвитен,

    нека го изгори

    омразениот на бозите бог!

    (Доаѓа Ојдип)

    ПРВА ЕПИЗОДА

    ОЈДИП, ХОРОТ

    ОЈДИП:

    Ти молиш: тоа пак што молиш, ако сал

    ме послушаш и чумата ја протераш,

    си добил лек и заштита од несреќи.

    И ова што се зборува и настанот,

    ќе кажам, за мене се туѓи. Трагата

    би била куса, и да имам некој знак.

    Бидејќи доцна станав ваш сограѓанин,

    на сите Кадмејци ќе кажам, еве што:

    од чија рака паднал Лај, син Лабдаков,

    ак’ некој од вас има чуено, нек’ тој,

    заповедам, за тоа сѐ ме извести.

    Ак’ има страв от’ вина на себе би зел,

    тој друго нешто нема зло да поднесе,

    сал сигурен од земјава ќе замине.

    А некој ако знае дека крвникот

    од друг е, не од овој крај, нек’ не молчи;

    дар од мене ќе прими и благодарност.

    Ак’ молчите и некој не каже од страв

    за пријател ил’ за себе, што ќе сторам

    со такви, треба од мене да чуете:

    забранувам, во ова земја, власт и трон

    кај имам јас, да него, било кој да е,

    то прима в својот дом и го поздравува

    и со него да моли, с’ него заедно

    да жртвува и света вода подава.

    Од дсмови да биде гонет зашто срам

    тој нам ни донел, ко што овој час

    пророштвото од богот питски извести.

    Па еве, јас се јавувам ко помошник

    на бог и наедно на мажот покоен.

    Се молам пак, виновникот, ил’ скришно сам

    да убил ил’ со мнозина, ко никаквец

    да несреќно го мине својот беден век.

    И, ако тој е некој мој и в мојот дом

    се наоѓа со мое знаење, и јас

    нек’ поднесам што токму сега проколнав.

    Заповедам и вие сѐ да сторите

    и зарад мене, бога, зарад земјава

    што згина неплодна, од бог напуштена.

    Па дури бог да не беше ни порачал,

    тој чин, во кој најдобриот ем цар

    е усмртен, не требало да остане

    без истрага и одмазда. А сега јас

    ја имам власта, случајно, што порано

    ја имал тој, и легло, иста сопруга;

    и децата заеднички ќе беа, род

    на оној ако не бил несреќен, без плод.

    А ете, врз него се спушти судба зла,

    и зарад тоа борба јас ќе поведам

    ко татко мој да бил и сѐ ќе поднесам

    во потрага сал убиец да пронајдам

    на детето на Лабдака Полидоров,

    од Кадмо древен, син на прастар Агенор.

    На оние што така не ќе постапат,

    ги молам бозите, ни посев земјин ним

    да плод им даде ниту жени род, а зло

    нек’ нив ги сотре, и од ова пострашно.

    А вам, други Кадмејци, што ова го

    одобривте, нек’ Правда сојузник ви е

    и сите бози вечно со вас нека се!

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Со клетва штом ме врза, цару, чуј ме ти:

    ни јас го убив ниту знам да кажам кој;

    а Фојб, што даде задача, ќе требаше

    да каже кој го сторил тоа злодело.

    ОЈДИП:

    Та добро зборуваш, но бози не може

    да присили, штом тие нејќат, никој жив.

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Ми падна на ум друго јас да потсетам.

    ОЈДИП:

    Да е и трето, кажи го, не пропуштај!

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Што богот Фојб, и господар Тејресија,

    знам, гледа најмногу; ак’ појде кај него,

    о кралу, некој, најјасно ќе разбере.

    ОЈДИП:

    Ни тоа не го пропуштив. Пратеници,

    по наговор на Креонт, пратив двапати,

    па одамна се чудам што не дојдоа.

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    И друго нејасно се слушна одамна.

    ОJДИП:

    А што е тоа? Внимавам на секој збор.

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Од патници, зборуваа, бил убиен.

    ОJДИП:

    Сум чул и јас, но има ли очевицец?

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Но, малку страв да има, не останува

    тој мирен, клетвите сал твои пи чуе ли.

    ОЈДИП:

    Од дело страв штом нема, збор не го плаши.

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Но некој ќе го открие. А еве баш

    го водат пророкот, во кого единствен

    од луѓето е всадена вистината.

    (Доаѓа Тејресија)

    ОЈДИП, ХОРОТ, ТЕЈРЕСИЈА

    ОЈДИП:

    Ти знаеш, Тејресија, сѐ -и познато

    и тајно, небеско и земно. Макар што

    ти не гледаш, па сепак знаеш, градов наш

    од каква болка болува. Сал во тебе,

    о кнезу, заштита и спас наоѓаме.

    Ак’ нешто не чу од гласнициве, нас Фојб

    нѐ извести по пратениците от’ спас

    од таа чума ќе ни дојде штом на Лај

    убијците со сигурност ги најдеме,

    погубиме ил’ в прогонство пи пратиме.

    А ти не зазирај од птичје гатање

    и друг ак’ знаеш пат за гатање, па сам

    и себе спаси се и мене, спаси град

    и изми петно секакво од мртвиот.

    Во раце твои сме; најубав пак труд е тој,

    да знаеш како и со што да користиш.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Ох, ужасно е да си умен, каде ум

    не користи. Јас тоа убаво го знам,

    но изумив, зaр инаку не доaѓав.

    ОЈДИП:

    Но што е? Не ни доаѓаш од сѐ срце.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    О, дома пушти ме! Ти твое најлесно,

    јас мое ќе си поднесам, ак’ послушаш.

    ОЈДИП:

    Штом не откри реч божја, право не кажа

    ни пријатно за градов што те отхранил.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Јас гледам тебе зборот твој во добар час

    от’ не ти е; да не ме најде истото.

    (Сака да си оди)

    ОЈДИП:

    Штом знаеш, жити богови, не оди си!

    До последен најпонизно те молиме.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Та сите сте неразумни. Не кажувам

    што знам, за твоите зла да не пи откријам.

    ОЈДИП:

    Што зборуваш? Зар знаеш и не кажуваш?

    Зар сакаш да нѐ предадеш и сотреш град?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Ни себе ниту тебе ќе те јадосам.

    Што прашуваш? Ти од мене не узнаваш.

    ОЈДИП:

    О најлош беднику! Не човек, камен ти

    ќе разгневиш. Зар никогаш не ќе кажеш,

    ќе останеш безмилосен и докрај тврд?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Го кориш мојот гнев, а твојот во тебе

    не го гледаш, а мене ме обвинуваш.

    ОЈДИП:

    А кој да не се разиневи слушајќи пцост

    со која сета градов ни го нагрди?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Ќе дојде тоа, колку криел јас со молк.

    ОЈДИП:

    Па штом ќе дојде, зошто ти да не кажеш?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Јас нема повеќе да зборувам, а ти,

    штом така сакаш, лути се до беснило!

    ОЈДИП:

    Ме налути и ништо не ќе пропуштам,

    што нагаѓам. Знај, мислам дека делото

    го замисли и спроведе ти самиот,

    сал не уби со свои раце; да гледаше,

    ќе речев, делото е твоја работа.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Навистина? Ти велам: заповед, што сам

    си дал, извршувај: со овој веќе ден

    не зборувај со овие ни со мене!

    На ова земја душман безбожен си ти.

    ОЈДИП:

    Зар така дрско овој збор го изусти?

    И како мислиш сега да се избавиш?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Сум избавен; вистината ми дава моќ.

    ОЈДИП:

    Кај научи? Та не од дарот пророчки?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Па од тебе; ме присили да зборувам.

    ОЈДИП:

    Но што? Повтори ми да сфатам подобро!

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Зар не разбра? Ил’ сакаш баш да зборувам?

    ОЈДИП:

    Не би рекол от’ разбирам. Повтори ми!

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Убиецот си, велам, ти. Не барај го!

    ОЈДИП:

    Е нема неказнет ти дваж да навредиш.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Да кажам друго, повеќе да беснееш?

    ОЈДИП:

    О, колку сакаш; залудно ќе зборуваш.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Во срамна врска, велам, не знаеш от’ си

    со најмили и не гледаш до каде си.

    ОЈДИП:

    Зар везден тоа весел ќе го кажуваш?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Да, ако нешто има моќ вистината.

    ОЈДИП:

    Да, има, освен твојата; ја немаш ти;

    та слеп си и во ушите и в ум и в очите.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Ти беден кориш зарад истото, за што

    и тебе секој ќе те кори набргу.

    ОЈДИП:

    Во вечна ноќ си; нема да ми наштетиш

    ни мене ни на друг кој гледа светлина.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Ти нема од мене да паднеш; доволен

    Аполон е: тој грижа ќе си преземе.

    ОЈДИП:

    Дал’ Креонт вакво нешто замисли ил’ ти?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Не, ништо Креонт не стори; ти самиот.

    ОЈДИП:

    О богатство, тиранијо и вештино

    над вештини во живот многу прославен,

    о, колку завист кон себе создавате

    штом зарад власта која градот како дар,

    без јас да барам, в раце ми ја предаде,

    тој верен Креонт, пријател од почеток,

    ползејќи потајно посакува мој пад,

    праќајќи ми го овој измамник и маг

    и итар питач, кому добит сал на ум

    му е, во гатачка пак вештина е слеп.

    Па де, јасновидец ти кај се покажа?

    А овде кога беше кучка -певица,

    на градов зошто спасот не му го кажа?

    Та секој не можел да реши загатка,

    а била потребна и дарба гатачка.

    Не покажа от’ имаш ми по птици дар,

    ни некој бог да ти го признал. Дојдов јас,

    јас Ојдип. Ништо не знаев, ја скротив с’ ум

    служејќи се; не познавав на птици лет.

    И сакаш таков да ме собориш. До трон

    на Креонт си со намера да застанеш.

    Со плач, се чини, зло ќе гоните и ти

    и тој, чиј изум ова е. Да не си стар,

    страдајќи би ги сфатил твоите замисли.

    ХОРОТ:

    И твојот, Ојдице, и зборот овегов,

    се чини, еднакво во гнев се кажани.

    На тоа не треба да гледаме, а бог

    што порачал, како најдобро да сториме.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Па сеедно што ти си цар, рамноправни

    на реч да сме. И јас во тоа имам власт.

    И не сум твој, а роб сум на Локсија јас,

    па штитеник на Креонта не бидувам.

    Бидејќи ти ме навреди ко слепец, чуј:

    ти опулен, а не гледаш во какво зло

    се најде; каде и со кого живееш.

    Дал’ знаеш чиј си? Душман си на твојот род

    и под и над земја, а тоа не знаеш.

    И двојна клетва – мајкина и таткова –

    ќе т’ изгони со чекор бра од овој крај

    во часов оатулен, а потоа во мрак.

    Дал’ има некој брег, дал’ има Китајрон

    што наскоро не ќе ечи од твојот плач,

    штом разбереш за бракот, кога в домот твоj

    си впловил несреќно со ветер поволен?

    А не гледаш и други зла што еднаков

    те прават тебе со себе и с’ пород твој.

    И затоа нафрлај се на Креонта,

    а и на мојов говор. Нема суштество

    што од тебе понесреќно ќе заврши.

    ОЈДИП:

    Зар ова е подносливо што слушам јас?

    Не ќе појдеш ли бестрага? Што побргу?

    Не ќе тргнеш од дворов зар со свртен грб?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Но, јас не ќе дојдев да не ме викнеше.

    ОЈДИП:

    От’ будалаштини ќе мелеш, не знаев,

    зар инаку не те викав во мојов дом.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Јас таков. роден сум -по твое будала,

    за тие што те родија пак -разумен.

    (Тргнува)

    ОЈДИП:

    За кои? Стој! Кој ме родил од смртните?

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Та денов родител и крвник ќе ти е.

    ОЈДИП:

    Сѐ зборуваш загадочно и нејасно.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Зар не си најдобар да решиш загатка?

    ОЈДИП:

    Го кудиш тоа што е силно во мене.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Та токму тоа – силното – те уништи.

    ОЈДИП:

    Штом градов сум го спасил, грижа не ми е.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Си одиме. Ти, момче, ајде води ме!

    ОЈДИП:

    Нек’ води. Оттркалај се! Ми здодеа

    ти овде; отсутен, не ќе ме жалостиш.

    ТЕЈРЕСИЈА:

    Штом кажам зарад што сум дошол, одам. Страв

    од лик твој немам; ништо ти не ми можеш.

    Ти велам: тој што одамна го бараш ти,

    сакајќи да го прогласиш за убиец

    на Лај, е тука; велат не е тукашен,

    а потоа ќе излезе от’ Тебанец

    е роден; весел зарад таа судбина

    не ќе биде; од опулен ќе стане слеп,

    од богат – сиромав: ко просјак в туѓина,

    тупкајќи с’ бастун слепечки, ќе патува.

    На децата тој свои, ќе се покаже,

    от е и брат и татко, син и сопружник

    на жена што го родила, на татка си

    и другар в постела и крвник. Сега ти

    размислувај! Најдеш ли невистина,

    ти кажи дека сум без дарба пророчка.

    (Сите си одат, останува само хорот.)

    СТАСИМОН

    ХОРОТ:

    I строфа

    За кого рече в Делфи стена пророчка

    грев дека сторил нечуен с’ крвави раце?

    Тој веднаш нека бега

    со чекор побрз и од чекорот

    на коњот стреловит.

    На Sевса синот веќе вјаса кон него

    со оган и со громови,

    а страшните безмилостни

    одмазднички го следат.

    I антистрофа

    Штотуку се слушна глас од снежен Парнас

    секој да го бара тој непознат маж.

    Ко бик тој талка

    низ дивата шума,

    по стени и по пештери,

    и клет оо бавен чекор лута осамен

    да го одбегне пророштвото,

    изречено во срцето на земјата;

    а тоа, вечно живо, лебди околу нето.

    II строфа

    О, страотно ме исплаши овој мудар птицогадател;

    За верба не е, а ни за неверба;

    што да кажам, јас не знам;

    несигурен во надежи, не гледајќи ни што е ни што било.

    Не сум чул ни сега знам,

    што раздели Лабдакиди и синок Полибов.

    Зар да појдам против славата што Ојдип ја стекна,

    сојузник да бидам на родот Лабдакидов во смртта нејасна?

    II антистрофа

    Sевс е мудар и Аполон

    и делата на смртните ги знаат тие;

    но некој врач да знае подобро одошто јас,

    тоа вистина баш не е;

    та луѓето меѓусебно

    сал в мудроста се различни.

    За тие пцости ништо нема јас да зборнам,

    дур’ не видам от’ оној право кажал.

    Јас видов тогаш, момата ко дојде крилеста,

    се покажа тој мудар;

    со тоа драг на прадот стана

    и никогаш тој за мене

    не ќе биде за злото виновник.

    (Доаѓа Креонт)

    ВТОРА ЕПИЗОДА

    ХОРОТ, КРЕОНТ

    КРЕОНТ:

    О граѓани, штом слушнав страшни зборови,

    со кои Ојдип тиранин ме клевети,

    не истраев и дојдов. Зашто, ако тој

    си мисли сега, в ова несреќа, со чин

    ил’ дума штета од мене отќ претрпел,

    за живот желба немам повеќе, штом глас

    се носи таков. Овој збор неправеден

    ме води мене не во мало, туку в зло

    најголемо, штом в градов ти и моите

    пријатели ме сметате за никаквец.

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    А можеби клеветата ја изрече

    во срдба повеќе и без да размисли.

    КРЕОНТ:

    Се чинеше ли дека врачот, од мене

    наговорен, му кажа лажни зборови?

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Зборовите се тие; не знам, што мислел.

    КРЕОНТ:

    И опулен и здрав во ум се нафрли

    зар врз мене со такво обвинение?

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Ни знам ни гледам што прават моќниците.

    Но, еве самиот од дворот доаѓа.

    ХОРОТ, КРЕОНТ, ОЈДИП

    ОЈДИП:

    Зар ти? Зар овде дојде? Образ бесрамен

    зар имаш штом под мојов покрив доаѓаш,

    а докажан си убиец на оној маж

    и крадец несомнен на мојот кралски трон?

    Ај кажи, жити бозите, дал’ страшливец

    ил’ луд ме виде, тоа штом ми замисли?

    Дал’ подмолна, што тајно ползи, измама

    да не сетам и разбрана не ја спречам?

    Зар не е луда таа твоја замисла,

    без народ и пријатели да ловиш власт?

    Се држи таа с’ луѓе и со богатство.

    КРЕОНТ:

    Дал’ знаеш што треба? На твоите зборови

    ист одговор ти чуј! Штом сфатиш, суди сам!

    ОЈДИП:

    На збор ти вешт си, јас пак ученик твој лош,

    бидејќи открив дека душман си ми зол.

    КРЕОНТ:

    Та токму тоа сега кажувам, ти чуј!

    ОЈДИП:

    Сал тоа не ми кажувај от’ не си гад.

    КРЕОНТ:

    Тврдоглавост без здрава памет сметаш ли

    за нешто добро, право ти бац не мислиш.

    ОЈДИП:

    И ти, штом мислиш неказнет да чиниш зло

    на човек – близок сродник – право не мислиш.

    КРЕОНТ:

    Се сложувам, ти право рече. Кажи ми

    пак, каква мака, велиш, виде од меме.

    ОЈДИП:

    Ти совет даваше ил’ не от’ требало

    по некого да викнам пророк способен?

    КРЕОНТ:

    И сега сѐ уште со таква мисла сум.

    ОЈДИП:

    А колку време минало од кога Лај…

    КРЕОНТ:

    Од која тоа работа? Не разбирам.

    ОЈДИП:

    …без следа отишол од рака крвничка?

    КРЕОНТ:

    Да броиш, многу години ќе излезат.

    ОЈДИП:

    А дали гаташе и тогаш пророкот?

    КРЕОНТ:

    Да, исто беше мудар и почитуван.

    ОЈДИП:

    Во тоа време нешто тој ме спомна ли?

    КРЕОНТ:

    Не, барем никогаш во мое присуство.

    ОЈДИП:

    А истрага зар немавте за мртвиот?

    КРЕОНТ:

    Да, беше, како не; но ништо не чувме.

    ОЈДИП:

    Па како тогаш овој мудрец не кажал?

    КРЕОНТ:

    Јас не знам, а што не знам, радо не зборам.

    ОЈДИП:

    Но, ова знаеш; кажи, ак’ си разумен!

    КРЕОНТ:

    А што е тоа? Не ќе премолчам, што знам.

    ОЈДИП:

    Па еве: тој да не бил в сојуз со тебе,

    не би рекол от’ јас сум убиец на Лај.

    КРЕОНТ:

    Дал’ тоа вели, сам ти знаеш. Сакам јас

    да прашам онака, ко сега мене ти.

    ОЈДИП:

    Па прашај; нема мене да ме најдеш убиец.

    КРЕОНТ:

    Е, ајде! Дали ти ја водиш сестра ми?

    ОЈДИП:

    Па тоа не е можно да се порече.

    КРЕОНТ:

    На рамно с’ неа владееш во земјава?

    ОЈДИП:

    Сум готов сѐ да извршам што посака.

    КРЕОНТ:

    А со вас двајца трет јас не сум еднаков?

    ОЈДИП:

    Баш тука лош се покажа ко пријател.

    КРЕОНТ:

    О, не, штом во себе си размислиш ко јас.

    Ти ова првин гледај го: зар повеќе

    ќе сака, мислиш, некој власт исполнета

    со страв од мирен сон, имајќи иста моќ?

    И ниту јас сум посакал да станам цар,

    штом имам царски овластувања и моќ,

    а ниту друг кој знае за умереност.

    И сега се си имам од тебе без страв.

    Ко цар би правел нешто и што не сакам.

    Па зошто помил тронот царски би ми бил

    од власт без грижи и од благородништво?

    А уште не сум толку глуп да посакам

    и друго освен корист со убавина.

    Ме љубат сите, почит сега уживам,

    штом ти им требаш нешто, јас сум замолен;

    од тоа сета нивна среќа зависи.

    Барајќи она, ова зар да оставам?

    Кој умее да мисли лош не би станал.

    Приврзеник на тоа не сум, а и друг

    да прави така, никогаш не би трпел.

    Дал’ така е, во Пит ти појди, прашај го

    пророштвото дал’ точно сум ти пренесол.

    Па откриеш ли дека јас со гатачот

    сум правел заговор, осуди ме со глас

    и двоен – твој и мој – и фатен, убиј ме!

    Со вина недокажана не суди ме!

    А не е право туку-така лошиот

    за чесен да го сметаш, чесниот за лош.

    А отфрлиш ли, сметам, чесен пријател,

    ил’ животот – дар најдраг – нема разликa.

    Со време јасно тоа ќе го разбереш.

    Сал времето го открива праведниот,

    а лошиот го дознаваш во еден ден.

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    За тој што не сака да греши, убав збор,

    о цару; тој што брза е несигурен.

    ОЈДИП:

    Штом некој брзо тајно кове завера,

    и јас ќе треба брзо да се соземам.

    А мирно чекам ли, на оној потфатот

    ќе успее, а мојот ќе е залуден.

    КРЕОНТ:

    Ти што сакаш? Од градов да ме протераш?

    ОЈДИП:

    О, никако! Не прогон, смрт ти сакам јас.

    КРЕОНТ:

    Но откога ќе кажеш: што ми замераш?

    ОЈДИП:

    Противречиш и одбиваш да постушаш?

    КРЕОНТ:

    Те гледам – не си умен.

    ОЈДИП:

    За мене јас сум.

    КРЕОНТ:

    Би требало и за мене.

    ОЈДИП:

    Сепак ќе се покориш.

    КРЕОНТ:

    Но не на лоша власт.

    ОЈДИП:

    О граде, граде мој!

    КРЕОНТ:

    И јас сум дел од градов; не е само твој.

    ХОРОТ:

    Престанете, о водачи! Во добар час

    Јокаста, гледам, доаѓа од одаи.

    Лутината нек’ стивне сега пред неа!

    ПОРАНЕШНИТЕ, ЈОКАСТА

    ЈОКАСТА:

    О, каква кавга глупава почнувате,

    о клетници? Дур земјава боледува

    без срам зар лични кавти покренувате?

    В двор не одиш ли, ти пак дома, Креонте?

    Од ништо рана голема отворате.

    КРЕОНТ:

    Ми готви страшно нешто Ојдип, твојот маж;

    од две ми бира, сестро, зла: ил’ прогонство

    од земјава ил’ фатен, да ме убие.

    ОЈДИП:

    Да, признавам, но јас го фатив, жено, тој

    со подмолност кај снова гибел за мене.

    КРЕОНТ:

    О среќен не бил, клет нек’ згинам, нешто ли

    ти направив за кое ме обвинуваш.

    ЈОКАСТА:

    На ова, Ојдипе, те колнам в богови,

    поверувај, а најмногу на клетвата,

    од срам пред бози, пред мене и луѓево.

    КОМОС

    Строфа

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Те молам, цару, биди умен, попушти!

    ОЈДИП:

    А што сакаш да попуштам?

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Ни напред не бил неодговорен,

    а сега тешко се заколнува.

    ОЈДИП:

    Дал’ знаеш што бараш?

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    Да, знам.

    ОЈДИП:

    Па кажи, што.

    ХОРОВОДЕЦОТ:

    На пријател, што клетва дал, да не фрлиш

    ти вина никогаш за збор недоразбран.

    ОЈДИП:

    Штом такво нешто бараш, сега добро знај,

    ти бараш за мене ил’ смрт ил’ проганство.

    ХОРОВОДЕЦОТ О, жими Хелиос“, од сите бози првиот, нек” пропаднам јас отфрлен од бози и пријат со гибел страшна,: тоа: ак! посакувам! Но мене кутар ме мачи земјава, бидејќи нови зла Ооо” на стари и додавате. немаа : “ОЈДИП . : Сал тој да оди, макар. јас и загинал ил” презрен ме протерале од земјава, бидејќи град ми кине твојот жален збор, . не овегов; тој овде ќе е омразен. КРЕОНТ. : Ем попушташ, а, гледам, полн си омраза. Ќе страдаш, гнев штом стивне; таквите, со право, најмачни се сами за себе. ОЈДИП Остави ме и оди. -.. 4. И -у .у ог. “. : ХКРЕОНТ . : не ме сфати; за други, тој сум –стариот.

    ХОРОТ, ОЈДИП, ЈОКАСТА ј ј 1 Антистрофа ХОРОТ и А што чекаш ти, жено? Дома што не го | ССЗОКАСТА . Штом дознам што се случило. . ош хорот оо Од збор сомнение неправедно се изроди за срце каса, макар незаслужено. . СО СЈОКАСТА . Обајцата ли? . | | ХОРОТ | . . да да… ЈОКАСТА | ХОРОТ Се чини доста, за да сопре онаму ” кај застана, при ваков јад за земјава. бдип Е виде ли до кај стаса, а умен маж, . ко против мене одиш, ме јадосуваш?:

    No comments to show.

    There’s no content to show here yet.

    Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.

    Insert the contact form shortcode with the additional CSS class- "wydegrid-newsletter-section"

    By signing up, you agree to the our terms and our Privacy Policy agreement.