![]()
Авторот на овој блог се одзива на различни имиња. Најчесто ќе го сретнете како Сашо Кокаланов, а неретко се наоѓа и во форма на Иван Дричко. Верува во теоријата на заговор дека светот е само обична алгебра на зборови. Што и не е некој заговор, да бидеме искрени, зашто светот е токму тоа што на арапски значи ал-џебр – составување на откршоци. Во претходните животи живеел во Неапол, а тековниот го одработува во Скопје. Пишува сенешто, за што сведочи и блогов. По нешто и предава, а сосема повремено и продава. Покрај за светото Ф-тројство филм, фудбал и филозофија, покажува особен интерес и за различни видови проза, одредени видови поезија, театар на апсурд, серии, стрипови и пуканки. Домашни, добро посолени.






