
Домаќин на блогот
Сашо Кокаланов е драматург, романсиер и новинар.
Напишал голем број колумни, репортажи и публицискички текстови. Три години бил главен и одговорен уредник на тогаш најтиражниот дневен весник во земјата „Дневник”.
Автор е на четри романи „Самецот“ (2003), „Ноќ на железничката станица во Розендал“ (2004) и „Изабела, Исмаела и јас“ (2004) во издание на ИП „Култура“ и „Ние сме лудаци“ (2016) во издание на „Или или“.

Напишал повеќе пиеси за театар. Изведени му се „Крвта не е вода“ (2011) во Драмскиот театар во Скопје, во режија на Сашо Миленковски, и „Си беше еднаш во иднината“ (2019) во Народниот театар во Битола, во режија на Срѓан Јаниќиевиќ. За пиесата „Чад“ ја освои трета награда на првиот конкурс за драмски текст на МНТ „Коле Чашуле“.


Автор е на сценарија за сериите „Преспав“, „Инсајдер“, „На терапија“, „Зоки Поки“… како и на филмските сценарија за „Хомо“, „Headlights“ и „Bitter Lake“.






За повеќе детали за сценаристичката телевизиска и филмска дејност, може да се посети неговиот профил на IMDB.






